Европски ФудбалФудбал

Жерар позитивен на корона, пропушта два меча

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард добил позитивен тест за коронавирус, потврди клубот во текот на вчерашниот ден.

Астон Вила следните два натпревари ќе ги игра без менаџер на клупата бидејќи Стивен Џерард е позитивен на коронавирус. Тоа значи дека Џерард ќе го пропушти мечот со Челзи на домашен терен на Боксинг Деј и гостувањето кај Лидс во вторник.

„Астон Вила може да потврди дека менаџерот Стивен Џерард нема да може да го води тимот на следните два натпревари од Премиер лигата против Челзи и Лидс бидејќи е во изолација откако доби позитивен тест за коронавирус“, соопшти Астон Вила.

Минатата недела дуелот меѓу Астон Вила и Барнли беше одложен поради проблеми предизвикани од коронавирусот во тимот на Вила.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!