ФудбалФудбал - Прва женска лига
Женскиот шампион Саса ги потпиша Николовска и Панеска

Актуелниот женскиот шампион Каменица Саса продолжува со потпишување на фудбалерките, денес нови договори со клубот потпишаа репрезентативки Пале Николовска, универзалната фудбалерка во одбраната која изигра одлично во есенскиот дел и е една од најзаслужните за есенската титула на Саса и Панеска најдобриот лев бек во Првата женска фудбалска лига иако е само на 18 години.
Николовска стави потпис на две ипол годишен договор и останува во Македонска Каменица до 30 јуни 2023 година, додека Панеска стави потпис на едногодишен договор и таа ќе биде дел од клубот до 31 декември 2021 година.