ФудбалФудбал - Прва женска лига

Женскиот шампион Саса ги потпиша младинските репрезентативки Ана Ристовска и Дајана Ристовска

Младинските репрезентативки, Ана Ристовска и Дајана Ристовска ги потпишаа првите договори со женскиот фудбалски шампион Каменица Саса. Седумнаесет годишната Ана, која е рекордер по одиграни натпревари во шампионот Саса и е една од капитенките на сениорската екипа, и во иднина ќе биде столб во одбраната и основна фигура во клубот од Македонска Каменица. Шеснаесет годишната Дајана, најмладата првотимка во најелитното натпреварување за Жени – Лига на Шампиони, играч во средниот ред, ќе продолжи со одличните игри во актуелниот шампион.

Двете фудбалерки ставија потпис на две ипол годишен договор, односно ќе останат во ЖФК Саса до 30 јуни 2023 година.

ЖФК Каменица Саса претходно донесе големо засилување, станува збор за репрезентативката Драгана Костова.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!