ФудбалФудбал - Прва женска лига

Женскиот шампион Саса ги обезбеди потписите на Маринковска и Стоименовска

Актуелниот женски фудбалски шампион Каменица Саса денес ги потпиша осумнаесет годишните Анастасија Маринковска и Антониела Стоименовска на две ипол годишен договор, со што младите фудбалерки ќе останат во Македонска Каменица до јуни 2023 година.

Анастасија е универзална фудбалерка од средниот ред, додека Антониела игра по двете бековски позиции.

Претходно, женскиот шампион Саса ги потпиша младинските репрезентативки Ана Ристовска и Дајана Ристовска.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!