ФудбалФутсал

Железарец во меч со 13 погодоци го доби Јувентус Серава, но гостите реагираат на неправилности!

Железарец со 7:6 го доби дуелот со Јувентус Серава во воведниот меч од 4. коло од Првата футсал лига на Македонија. За домашниот тим Петре Даиловски постигна хет-три, додека пак Драган Брњарчевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Давид Блажевски и Тони Брњарчевски.

За гостинската екипа Кадир Амза три пати стрелаше во противничката мрежа за хет-трик, два погодоци постигна Армандо Алијевиќ, а пак Бесарт Љусјани беше стрелец на еден гол.

Сепак, од гостинската екипа реагираат на неправилности на овој меч, а во продолжение го пренесуваме соопштението на Јувентус Серава:

„Во првото полувреме моменталниот резултат беше 4:2 за противничката екипа и имаа направено вкупно 5 прекршоци. И покрај тоа што натпреварот започнува без часовникот да ја води играта, членовите на нашиот клуб ја негуваат секоја секунда помината во текот на натпреварот каде во 14.50 минути делегатот на натпреварот вели дека остануваат уште 20 секунди до првото полувреме“, велат од Јувентус Серава и додаваат:

„Директорот на нашиот клуб Гафур Хасани неколкупати инсистираше, кажувајќи ги фактите за преостанатите минути, но судиската одлука не се промени. Направени 5 фаули, украдени 6 минути и 10 секунди од играта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!