ФудбалФутсал

Железарец со победа над Кеги Моби

Интересен и неизвесен натпревар се одигра меѓу Железарец и Кеги Моби од Велес кој заврши со 5:3 за домаќините, во последниот есенски натпревар од Првата футсал лига.

Резултат го отворија велешани преку голот на Давчевски во 6. минута од натпреварот, но радоста траеше кратко, бидејќи за две минути домаќините преку Кајсторовски и Брњарчевски го сврте резултат во нивна полза на 2:1.

Во вториот дел од натпреварот Железарец одигра подобро и во 25. минута имаше водство од 3:1, а стрелец беше Даиловски. Гостите веднаш намалија на 3:2 преку Давчевски, но домаќините веднаш постигнаа гол и повторно имаа два гола предност, а стрелец беше Брњарчевски. На две минути пред крајот на натпреварот Миленкоски постигна гол за 5:2 со што дилемите за победникот беа решени. Гостите преку младиот Јосиф Манасиев постигнаа гол за конечни 5:3.

Пролетниот дел Кеги Моби ќе го стартува на гостински терен кај Арбен Бајрами, додека Железарец ќе биде домаќин на Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!