
Супер интересен меч се одигра во Кавадарци каде преку пресврт Железарец славеше над домаќинот Црна Река со 2:3. Ванче Шиков по три минути игра донесе водство за домашните, а десет миниту подоцна Антонио Јанев стрелаше за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Александар Глигоров го преполови водството на Црна Река на 2:1. Во 35. минута Петре Даиловски успеа да го израмне резултатот на 2., а две минути подоцна Мирко Богески ја стресе мрежата на противникот за конечните 2:3 и големи три бода.
Арбен Бајрами сосема очекувано триумфираше над „фенерџијата“ Велес со убедливи 3:10. Агим Рамадани постигна хет-трик, а двојни стрелци беа Берат Рамадани и капитенот Ерол Далип. По еден гол постигнаа Пајтим Реџепи, Стефан Димовски и Јусуф Селмани. Кај противникот Кадир Амза беше двоен стрелец, а стрелаше и капитенот Мартин Калчев.
Со овие два натпревари е комплетирано 8. коло од Првата футсал лига. Извештајот со стрелци за вчерашниот натпреварите можете да го прочитате овде. Колку за потсетување Шкупи триумфираше над Карадаку со 3:4, Енхалон беше подобар од Шкендија со 4:7, а пак шампионот Проект се „распука“ кон Јувентус Серава со 2:8.