ФудбалФутсал

Железарец на дерби со Шкупи, Арбен Бајрами против Проект, стартува осминафиналето од футсал Купот

Утре стартуваат осминафиналните натпревари од футсал Купот на Македонија. Два големи дерби натпревари, првиот меѓу Железарец и Шкупи, вториот меѓу екипите на Арбен Бајрами и СК Проект.

Покрај овие два возбудливи дуели, утре се играат и натпреварите меѓу Кеги Моби од Велес и второлигашот Овче Поле од Свети Николе, Мал Ајакс ја чека Црна Река, Кратово ќе има тешка задача со екипата на Велес.

Во недела ќе бидат одиграни три натпревари. Второлигашот Клими во Кавадарци го чека Карадаку, Велешта ќе игра против Астибо, Јувентус Серава влегува како фаворит против второлигашот Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!