
Денес со два натпревари започна новата сезона од Првата футсал лига на Македонија. Воведни натпревари беа одиграни во Кавадарци и Велес.
Кеги Моби на домашен терен загуби од Железарец со резултат од 5:6. За велешани стрелци беа Кирил Ивановски, Зоран Трајков, Ален Плакиќ и Петар Левков, додека пак Давид Блажевски си постигна автогол.
За гостите хет-трик постигна Давид Блажевски, а по еден гол постигнаа Дејан Кајсторовски, Дарко Цветковски и Петре Даиловски.
Црна Река на домашен терен со 5:4 славеше над Карадаку. За домашниот тим хет-трик постигна Антонио Јанев, а по еден гол постигнаа Зоран Павлов и Ѓорѓе Николовски. За гостинската екипа сите четири погодоци ги постигнаа Шуајб Шукрија.