ОстанатоФудбалФутсал

Железарец го доби Енхалон во Струга

Вчера беше комплетирано 2. коло од Првата футсал лига на Македонија кое беше отворено во четвртокот. Железарец со 2:3 славеше над Енхалон на гостински терен во Струга.

Резултатот беше отворен во 4. минута со гол на Александар Глигоров за водство од 0:1 за гостите. Во 10. минута Дарко Настевски израмни на 1:1, а Мирко Богески по три минути игра донесе ново водство за гостите од 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Џавит Лимани ја погоди противничката мрежа за 2:2. Трагичар на натпреварот беше капитенот на домашните Нико Пластиновски кој си постигна автогол во 37. минута за конечните 2:3 и голема победа за Железарец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!