РакометРакомет - Суперлига

Жарко Барјактаревиќ нов ракометар на Прилеп

После Христијан Милошески и неколкуте продолжени договори со најискусните, Прилеп во наредната сезона ќе смета на услугите и на Србинот Жарко Барјактаревиќ кој после одличните партии сезонава, во тимот на Јуниор Кисела Вода го привлече вниманието на раководството на клубот и тренерот Кузманоски и се очекува да биде големо засилување за новата сезона во Суперлигата.

Станува збор за 197 цм висок десен бек кој својата кариера ја градел во екипите на Раднички Крагујевац, Железничар, Металопластика, Врање и последно екипата на Јуниор Кисела Вода.

Во својата кариера има настапи во ЕХФ Купот како и во дресот на јуниорската репрезентација на Србија. Без сомнение Жарко ќе биде големо засилување за прилепчани за сезоната која претстои.

Поврзани Наслови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!