ЖФК Тиверија Струмица ги „запали моторите“ за поход по титулата во ПЖФЛ

Женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица утре ќе ги започне зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига.
Во пролетната полусезона, Миа Головска нема да биде дел од струмичкиот клуб. Од ЖФК Тиверија изразија благодарност за придонесот, посакувајќи среќа во понатамошниот дел од кариерата.
Од друга страна Васка Василева добива право на настап во сениорска конкуренција.
„Василева е дел од ЖФК Тиверија веќе 5 години и чест ни е што нашите деца созреваат и стануваат дел од најдобрата лига, носејќи се рамо до рамо со најдобрите во државата“, велат од клубот.
„Костурот“ на екипата од есенскиот дел е сочуван, односно сите фудбалерки остануваат. ЖФК Тиверија во пролетниот дел влегува со цел да го нападне првото место и да ја подигне шампионската титула на крајот од сезоната, како и да ја освои Куп-титулата.
ЖФК Тиверија есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата со 35 бодови, четири помалку од актуелниот шампион Каменица Саса кој е лидер на табелата.
Еден Коментар