Европски ФудбалФудбал

Зелено светло – Гризман се враќа во Атлетико !?

Раководствата на Барселона и Атлетико Мадрид се во напредни разговори за размена на Антонио Гризман и Саул, пренесува италијанскиот новинар Фабрисио Романо.

Според неговите информации, кои се претежно точни, и двајцата играчи дадоа зелено светло во средата, и не е исклучено двете страни да постигнат договор во наредните денови.

Барселона и Атлетико преговараат за деталите за размената, а сигурно е дека Каталонците сакаат одредена сума пари заедно со Саул.

Гризман го носеше дресот на „јорганџиите“ од 2014 до 2019 година, а во Барселона се пресели во трансфер вреден 120 милиони евра. Минатата сезона, тој одигра 36 натпревари во Примера и постигна 13 голови.

Доколку 26-годишниот Саул не заврши на „Камп Ноу“, постои можност тој да го напушти стадионот „Ванда Метрополитано“ и да се пресели во Ливерпул или Челси.

Шпанецот дебитираше за првиот тим на „Јорганџиите“ во 2012 година, а во сезоната 2020/21 тој постигна два гола на 33 натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!