ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Завршена соработката на Брегалница со Кудијан и Муарем, Наумоски во следните шест месеци на отстапница

Бегалница по взаемен договор ја заврши соработката со досегашните фудбалери на „сините“, Муарем Муарем и Андреј Кудијан.

По крајот на есенскиот дел од сезоната 2021/22 постигнат е меѓусебен договор за прекин на соработката со фудбалерот од средниот ред, поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем и напаѓачот Андреј Кудијан.

„Минав прекрасен период во Брегалница, му благодарам на клубот за успешната меѓусебна соработка но пред мене сега се други предизвици поради што следи актуелната разделба“ – вели Муарем, кој без сомнение остави неизбришива трага во редовите на Брегалница изминатата една година која ја одбележа враќањето на „сините“ во елитното друштво.

Андреј Кудијан, пак, беше еден од носителите на тимот изминативе години низ трнливиот пат на враќањето на клубот во Првата македонска фудбалска лига.

„Несомнено беше нескриено задоволство да се имаат овие имиња во нашиот клуб. Наша чест и задоволство беше да се има играч како Муарем со богато репрезентативно и интернационално искуство кој без сомнение со својата професионалност дополнително допринесе за подигнување на нивото на тимот на скалило плус“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

По крајот на есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ договорено е и фудбалерот од средниот ред Марио Наумоски следните шест месеци да ги мине на отстапница во насока на добивање поголема минутажа на фудбалските терени.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!