ЕУРО 2020Фудбал

Засилување за Шпанците: Бускетс е негативен, се приклучува на тимот!

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Бускетс, се враќа во таборот на оваа селекција на Европското првенство откако отсуствуваше поради позитивен тест на Ковид-19, јавува „агенција Анадолу“. Фудбалскиот сојуз на Шпанија објави дека Бускетс бил негативен на последните тестови за коронавирус и дека денес се вратил во репрезентативниот табор во Севиља.

Бускетс е во домашна изолација од 6 јуни поради позитивен тест за коронавирус. Не се очекува тој да игра утре на мечот од групата Е против Полска, но поверојатно е против Словачка во последниот натпревар од групната фаза на 23 јуни.

Диего Љоренте исто така го напушти таборот на шпанската репрезентација на 8 јуни, но тој се врати во кампот три дена подоцна откако беше утврдено дека не е точен првиот позитивен тест за коронавирус.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!