Започнува пролетната полусезона од Втората лига – Запад: Охрид домаќин на Кораб, Скопје на Дрита

Во сабота се отвара пролетната полусезона од Втората лига – Запад со натпреварите од 17. коло.
На СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра дерби дуел меѓу Охрид и Кораб од Дебар, а интересен дуел ќе има и на теренот во Кадино, каде ќе се соочат екипите на Кадино и Тетекс кои ќе водат борба цела пролет за сигурен опстанок во второлигашкото друштво.
Вардар Форино кој е на дното од табелата ќе има тешка задача со засилениот и амбициозен Гостивар кој ќе атакува на три бодови со цел да го задржи чекорот со лидерот Скопје.
Табелата од Втората лига – Запад можете да ја погледнете ОВДЕ.
Сензацијата од есенскиот дел Велешта ќе гостува кај Велазерими во Кичево, додека првопласираниот Скопје на „Железарница“ ќе ја чека екипата на Дрита што ќе понуди вистинско дерби, бидејќи „пиратите“ водат борба за враќање во Првата лига, додека екипата од Боговиње борба за опстанок во Втората лига – Запад.
Сите натпревари стартуваат во 14:00 часот и ќе бидат одиграни без публика, дел од нив ќе се пренесуваат во живо и на Спортска Мрежа, за што дополнително ќе известиме кои натпревари ќе има преноси.