ФудбалФудбал - Четврта Лига

Започнува новата сезона ОФЛ Куманово: Младост домаќин на Четирце, Речица гостува кај Карпош

По една година пауза поради ковид протоколите, викендот започнува новата сезона од Општинската фудбалска лига во Куманово. Вкупно 16 екипи поделени во две групи од по 8 екипи ќе се борат за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Во група Север, односно Општинска фудбалска лига – Север Куманово ќе се натпреваруваат екипите на Младост, Костурник, Куманово-Милано, Карпош, Речица, Четирце, Козјак и Јуниор.

Во група Југ, односно Општинска фудбалска лига – Југ Куманово ќе се натпреваруваат екипите на Орашац, Слога, Македонија Агино, Клечовце, Куманово, Пчиња, Победа и Ран Производ.

  • Распоред 1. коло ОФЛ – Север Куманово:

САБОТА
Костурник – Куманово-Милано (16:00 часот)
НЕДЕЛА
Карпош – Речица (16:00 часот)
Младост – Четирце (16:00 часот)
Козјак – Јуниор (16:00 часот)

  • Распоред 1. коло ОФЛ – Југ Куманово:

САБОТА
Куманово – Пчиња (16:00 часот)
Победа – Ран Производ (16:00 часот)
НЕДЕЛА
Орашац – Слога (13:00 часот)
Македонија Агино – Клечовце (13:00 часот)

Двете првопласирани екипи од двете групи, односно вкупно четири екипи ќе вкрстат меѓусебе со што победникот ќе обезбеди место во Трета лига – Север за следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!