ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Започнува новата сезона од Трета лига – Запад, две екипи пред стартот се откажаа, ќе играат вкупно осум

Новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Запад започнува утре со осум наместо десет екипи. Иако првично беше најавено дека во новата сезона ќе играат десет екипи, пред утрешниот старт две екипи се откажаа, па така наместо десет, ќе играат осум екипи и во секое коло ќе има по две слободни екипи.
Во новата сезона ќе играат Речица, Љуботен, Влазерими Јуниор, Напредок, Дрита, Зајази, Камјани и Трабзонспорт, додека пак екипите на Велазерими 77 и Пролетер го откажаа учеството и во новата сезона нема да се натпреваруваат.
- Најава на прво коло со делегирани судии:
САБОТА 15 часот:
Речица – Љуботен, Пларент Салихи (Тетово)
Напредок Дрита, Ајет Абази (Гостивар)
НЕДЕЛА 15 часот:
Влазерими Јуниор (слободна екипа)
Зајази (слободна екипа)
Камјани – Трабзонспорт, Бардхиљ Ибраими (Тетово)