Започнаа подготовките на теренот за турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ во Стар Караорман – Штип

Од вчера започнаа подготовките на теренот за турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“, кој се игра во село Стар Караорман, Штип.
Теренот се подготвува, а во тек се пријавувањата за турнирот. Котизацијата по екипа е само 2.000 денари, а пријавувањето трае до недела (утре) до 17:00 часот.
Првопласираната екипа ќе добие награда од 30.000 денари, за второпласираната е предвидена награда од 15.000 денари, додека пак третопласираната ќе добие награда од 8.000 денари. Ќе има и награди за најдобар голман и најдобар стрелец.
НАПОМЕНА: Наградниот фонд може да биде зголемен во зависност од бројот на екипи!
Натпреварите се играат на отворено на игралиштето кај школото во Стар Караорман во вечерни термин. Натпревари ќе се играат во форма 5+1.
За подетални информации како и за пријавување на екипи на:
072 / 214 – 212, Влатко Стојанов
078 / 312 – 457, Миле Димитров
072 / 243 – 115, Даниел Стојанов
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!