ОстанатоФудбалФудбал - ОстанатоФутсал

Започна пријавувањето за турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“ во Маџари

Од денес започна пријавувањето за еден од најголемите турнири во мал фудбал во Македонија, „8-ми Септември“ во Маџари, Скопје.

Турнирот ќе започна на 8 август, а финалето е планирано да биде одиграно на 8 септември годинава. Натпреварите ќе се играат на игралиштето со вештачка трева во градинката „Детелинка“ во населбата Маџари.

Овој турнир се организира 14-та година по ред во Маџари, Гази Баба, со учество на околу 60 екипи.

Пријавувањето трае до 6 август, а котизацијата по екипа изнесува 5.000 денари.

Контакт за пријавување:

  • 071 / 556 – 300 – Петар
  • 078 / 456 – 769 – Александар
  • [email protected]

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!