Европски ФудбалФудбал

Залудно Анчелоти направи список со засилувања, Перез го разочара со имињата што може да ги добие во моментов

Реал Мадрид е во нешто посериозна финансиска криза, за што сведочат и амбициите на клубот за летниот трансфер период. Клубот од лето ќе го води Карло Анчелоти. Италијанецот се врати во Мадрид и според првичните проценки ќе работи само со она што го поседува во моментов.

Иако Анчелоти ја состави својата листа на приоритетни засилувања, Флорентино Перез јасно му стави до знаење дека таквото барање не може да се исполни во моментов. Сè што е во моќта на Перез е да се вратат неколку имиња од позајмици, и тоа ќе биде сторено од негова страна.

Дани Себалос и Мартин Одегард уште еднаш ќе добијат шанса да се докажат, а од помош ќе биде и Герет Бејл. Се на се, шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе биде активен само во случај ПСЖ да одлучи да го продаде Килијан Мбапе.

Студен туш за Анчелоти кој барем ќе има солидно алиби во случај на неуспех.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!