ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Закажана ждрепката, кои екипи ќе настапуваат во Трета лига – Југ !?

По одржаниот состанок на раководството на Трета лига – Југ и клубовите донесена е одлука новата сезона конечно да започне на 20. февруари или 27. февруари. После неколку месеци пауза конечно ќе има третолигашки фудбал и во овој регион. Причината поради која дојде до ваква „пауза“ беше вакцинацијата и тестовите за невакцинираните играчи пред секој натпревар што е голем финансиски удар за третолигашите.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Сезоната ќе започне под постојаните протоколи за игра односно вакцинација на фудбалерите или тестови пред секој натпревар за оние фудбалери кои немаат примено двојна вакцина.

На 11. февруари е закажана ждрепката за новата сезона, по што ќе бидат познати и екипите кои ќе настапат во следната сезона.

Услов за да започне сезоната е да има најмалку шест пријавени екипи, бројка што сигурно ја има, што значи дека сезоната и дефинитивно ќе започне.

Како што дознава Спортска Мрежа доколку сите 14 екипи пријават учество тогаш се размислува да бидат одиграни 75% од натпревари со цел сезоната да биде важечка бидејќи ќе нема време сите натпревари да бидат одиграни до крај на месец мај. Доколку се пријават помалку од 14 екипи во таков случај сезоната ќе биде комплетирана 100% односно со сите одиграни натпревари.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Колку за потсетување само Трета лига – Југозапад и Трета лига – Запад ја стартуваа сезоната во месец октомври минатата година, додека пак Трета лига – Југ стартот го одложи за февруари годинава, а ваква одлука има и во Трета лига – Исток, но засега нема ништо конкретно, додека пак Трета лига – Север и понатаму „спие“, иако испративме во неколку наврати прашања до денес одговор немаме.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!