ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Закажан состанок за новата сезона од Трета лига – Исток, кои екипи ќе се натпреваруваат !?

В среда (10. август) во Штип ќе се одржи состанок за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига.

„Почитувани, Ве известуваме дека на ден 10.08.2022 година во 19 часот во хотел „Изгрев“ – Штип ќе се одржи состанок со клубовите од Трета лига – Исток за натпреварувачката 2022/2023 година.“

Минатата сезона во третолигашкото друштво на Истокот се натпреваруваа само шест екипи – Овче Поле (шампион), Рудар, Малеш, Карбинци, Чешиново 2015 и Дојранско Езеро.

Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, покрај овие 6 екипи во новата сезона ќе се натпреваруваат и Осогово кој минатата сезона отпадна од Втора лига – Исток, учество ќе пријави и Тиверија од Струмица како и Брегалница од Делчево. Неофицијално интерес за натпреварување во новата сезона има и од Василево и Спартмани, но информациите за овие два клуба не се официјални и не се потврдени.

После 10. август ќе биде познат форматот на натпреварување како и екипите кои ќе земаат учество, датумот за старт на новата сезона, како и трошоците за новата натпреварувачка сезона, која би требало да започне на почеток од септември или најдоцна до средината на септември.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!