Зајази славеше во дербито со Велазерими, Арсими ја прегази Дрита со СЕДУМ погодоци

Во меч со пет погодоци Зајази го доби дербито со Велазерими со резултат од 3:2. Домаќинот имаше водство од 2:0 на полувреме со погодоците на Дардан Џеладини и Бленд Џемаили. Во вториот дел Шабан Ќерими ја зголеми предноста на 3:0, а со два погодоци во 75. и 80. минута Ремзи Усеини намали на конечните 3:2.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Непоразениот лидер Арсими на теренот во Боговиње со убедливи 1:7 го декласираше ланскиот второлигаш Дрита. Во првиот дел падна еден погодок за водство 0:1 на Арсими, а стрелаше Арменд Даути.
На стартот од вториот дел судијата покажа на белата точка за гостите, а одговорноста ја презеде и успешно реализираше за 0:2 Хузри Џемаили во 47. минута од мечот. Само две минути подоцна Вулнет Елмази погоди за убедливи 0:3. Веќе во 50. минута судијата Пларент Салихи покажа по втор пат на белата точка, но овој пат за домашниот тим, а успешно реализираше Брендим Рушити и намали на 1:3.
До крајот на мечот Хузри постигна хет-трик, Вулнет беше двоен стрелец, а еден погодок беше дело на Махир Ајрули за конечните 1:7.
14. коло ќе биде комплетирано утре со останатите три натпревари. Речица на домашен терен ќе игра со Камјани, Врапчиште ќе биде домаќин на Пролетер, а пак Трабзонспорт ќе го пречека Љуботен.
Еден Коментар