ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Зајази на домашен терен подобар од Нераште, Љуботен го декласираше Трабзонспорт

Денес со два воведни натпревари беше отворено 14. коло од Третата лига – Запад кое ќе биде комплетирано утре со останатите три натпревари.

Зајази 2:0 Нераште

Екипата на Зајази на домашен терен го доби Нераште со 2:0 и стигна до шестиот сезонски трумф. Резултатот беше отворен во 27. минута со погодок на нововлезениот Кадриу Лиридон. Конечниоте 2:0 ги постави Ќерими Шабан.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Љуботен 4:1 Трабзонспорт

Љуботен на домашен терен беше убедлив со 4:1 против екипата на Трабзонспорт. Домашната екипа стигна прва до водство со гол на Тасос Томас во 37. минута. По седум минути игра Костадиноски Ивица го дуплираше водство за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Љуботен тргна мотивирано и по пет минути игра Тасос со втор гол донесе 3:0. Капитенот Савески Дејан во 62. минута ја погоди противничката мрежа за виски 4:0. Во 79. минута судијата Исмаили Музафер покажа на белата точка за гостинската екипа, одговорноста ја презеде Менга Бурак кој успешно ја погоди противничката мрежа за конечните 4:1. Фер и коректна игра на двете екипи. Одлично судење на судиската тројка на чело со авторитетниот судија Музафер Исмаили.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!