Зајази домаќин на Напредок, лидерот Беса гостува кај Трабзонспорт

Утре со два натпревари ќе биде отворено 12. коло од Третата лига – Запад.
Зајази – Напредок
Екипата на Зајази утре на домашен терен ќе го пречека кичевски Напредок. Домашната екипа според формата и домашниот терен ќе важи за фаворит, наспротив гостинската екипа која игра катастрофална сезона и со 6 освоени бодови е на претпоследното место на табелата. Натпреварот ќе го суди искусниот Исмаили Музафер.
Љуботен – Нераште
Утре ќе се игра големо дерби меѓу Љуботен и Нераште во Тетово. Двете екипи со по 9 бодови ја делат осмата позиција на табелата, па ќе не очекува неизвесен и израмнет дуел по трите бодови.
Врапчиште – Речица
И во недела ќе гледаме дерби на теренот на Врапчиште, каде истоимената екипа ќе се соочи со Речица. Гостинската екипа со 18 освоени бодови на е на четвртото место, додека гостинската со три бода повеќе е место погоре на табелата. Според формата и квалитетот би требало да гледаме израмнет и неизвесен натпревар.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Аресими – Пролетер
Второпласираната екипа на Аресими на домашен терен ќе се соочу со „фенерџијата“ Пролетер. Домашната екипа според формата и квалитетот ќе биде апсолутен фаворит против гостинот кој досега собера само еден бод. Победата и трите бодови за Аресими се многу важни во битката за првото место со Беса, која со три бодови е на врвот од табелата.
Трабзонспорт – Беса
Екипата на Трабзонспорт ја очекува тежок натпревар против лидерот Беса. Во Горна Бањица гостинската екипа доаѓа како голем фаворит за трите бодови, па се освен пораз за домашната екипа ќе биде позитивен исход од натпреварот.
Сите натпревари ќе стартуваат во 16:00 часот, освен натпреварто меѓу Зајази и Напредок кој ќе започне еден час порано.