Захариевски: За нас секој натпревар е дерби, Струга ќе биде уште долги години дел од елитата!

Струга Трим Лум утре на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров ја стартува пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот Срѓан Захариевски зборуваше за подготвителната фаза, утрешниот натпревар со „лавовите“ и пролетната полусезона од ПМФЛ.
“Подготовките помина во најдобар ред. Пријателските натпревари беа доста на број, ама се со цел да сите играчи добијат иста минутажа и преку тренинзите и тие натпревари да се наметнат за место во тимот. Секако дека сме подготвени, не само за првиот натпревар, туку и за целиот пролетен дел.”
“За нас секој натпревар е дерби, бидејќи секој натпревар ни е важен, зошто сепак ние сме нови во ова друштво каде сакаме да докажеме дека имаме тим, организација, услови, за Струга Трим Лум биде уште долги години дел од елитата.”
“Секој натпревар нашите играчи со нивниот псритап, и тоа што го покажа на теренот, го добија респектот од противничките екипи, и за тоа не земавме многу засилувања, зошто очекувам уште поголем квалитет од нивна страна. Може да кажам дека на секој натпревар ќе идеме на победа и ќе се бориме до крај за неа, а со Европа не се оптеретуваме.”
“Немаме повредени, сите играчи се во коминација за утрешниот натпревар, но можам да кажам дека силата на Струга Трим Лум е во целиот ростер, и дека тоа го покажавме и во есенскиот дел”, изјави Захариевски.
Стружани есенскиот дел го завршија на високото четврто место на табелата со 28 бодови, додека „лавовите“ на третото место со 33 бодови. Утрешниот дуел ќе понуди вистинска возбуда и голема борба за трите бодови. Натпреварот ќе стартува во 14:00 часот.