ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Захариевски: Наша главна цел е да напредуваме во играта, а конечната табела ќе ја видиме на 16 мај

Струга Трим Лум триумфираше над новиот шампион Шкендија со 0:2 на Градскиот стадион во Гостивар во рамки на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани имаат еден бод негатива во однос на Македонија ЃП и ја продолжуваа борбата за третото место и „визата“ за излез во Европа.

Тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски е среќен за победата против Шкендија.

„Прво да им ја честитам титулата на Шкендија, а што се однесува до натпреварот, го одигравме во наш стил, со многу борбеност каде до крај ја посакувавме победата и овој пат успеавме, за разлика од претходниот. Наша главна цел е да напредуваме во играта, а конечната табела ќе ја видиме на 16 мај“, вели Захариевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!