ФудбалФудбал - Останато

Захариевски: Најдобрите години ги поминав во Силекс, но сега сакам финале со Струга Трим Лум

Струга Трим Лум ја делат 90 минути до можност за историја и прв пат да игра во финалето од Купот на Македонија. На сопствен терен ќе се судри со Силекс, па доколку го совлада противникот ќе биде дел од големото финале закажано за 19. мај каде ќе се соочи со Академија Пандев, која вчера со победа од 1:3 над Македонија Ѓорче Петров обезбеди финале едно по друго, откако во 2019 година го освои Купот.

Срѓан Захариевски зборува за победата против Беласица, но и за историскиот натпревар против Силекс.

„Од неделниот натпревар јас сум многу задоволен. Исто така и од пристапот и играта што ја покажавме, но сепак мислам дека може и подобро.“

„Секако дека ги поминав најдобрите години во Силекс, со која екипа освоив 3 шампионски титули и 2 куп трофеи, но во професионализмот не постои сентименталност, и секако дека ќе дадеме се од себа да го добиеме овој натпревар и да играме во големото финале, што би значело многу за нас како клуб.“

„Секако дека ќе биде еден исклучително тежок натпревар, бидејќи се игра само еден натпревар, а влогот е голем и за двете екипи.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!