ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Захариевски: Доминиравме на целиот натпревар, на крајот бодовите заслужено останаа во Струга!

Струга Трим Љум вчера со 3:0 го декласираше Скопје и ја забележа седмата победа во Првата македонска фудбалска лига, од исто толку одиграни натпревари.

Стружани со максимални 21 бод се на врвот од табелата и сигурно грабат кон прва историска титула во домашното првенство.

Тренерот на Струга, Срѓан Захариевски вели дека заслужено трите бодови останале дома.

Пештани е најидеалното место за одмор покрај Охридското Езеро, уживајте во Вила Кочески

„Двете екипи одиграа еден многу добар натпревар за наши услови. Мислам дека доминиравме на целиот натпревар и дека на крајот бодовите заслужено останаа во Струга. Мило ми е што сеуште можеме да им приредиме вакви резултати, а пред се и добра игра на нашите навивачи, со кои се надевам дека заедно ќе се радувама на уште многу натпревари“, вели Захариевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!