Второлигашот Воска Спорт се засили со Ристе Илијовски

Амбициозниот охридски второлигаш Воска Спорт се засили со Ристе Илијовски за пролетните предизвици од Втората лига – Запад каде екипата предводена од Раде Цицмиловиќ ќе атакува на историски пласман во Првата македонска фудбалска лига.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<
Илијоски доаѓа од редовите на Вардар, директен ривал на Воска Спорт на патот кон Прва лига. Во својата кариера 27-годишникот покрај за Вардар има настапувано за битолски Пелистер, Тиквеш, Младост Царев Двор, Победа. Илијовски се докажа и во косовскиот и албанскиот шампионат настапувајќи за Фламуртари од Приштина и Луфтетари.
Воска Спорт со Илијовски ја засилува левата бековска позиција, а во исто време е исполнето едно од барањата на тренерот Раде Цицмиловиќ.
Охриѓани пролетниот дел го стартуваат со гостувањето кај последнопласираниот Кадино. Што се однесува до табелата Воска Спорт е втора со 32 бодови, зад лидерот Силекс кој има 41 бод, додека пак охриѓани имаат предност од три бода во однос на третопласираниот Вардар.
Еден Коментар