ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Второлигашот Охрид со нова управа и комплетно нов состав ќе брка опстанок

Македонскиот второлигаш Охрид во пролетниот дел од сезоната ќе биде предводен од нова управа, но и комплетно нов состав. Откако старата управа го напушти клубот, на нејзино место дојдоа Данчо Целески и Гоце Толески, поранешни фудбалери со големо репрезентативно и интернационално искуство.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Клубот ќе има комплетно нов состав под водство на новата управа ќе треба да обезбеди сигурен опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона. За таа цел се ангажирани дури 13 нови засилувања.

На „Билјанини Извори“ пристигна искусниот дефанзивец Арбен Тафа кој доаѓа од редовите на Велешта, а во својата кариера 29-годишникот има настапувано за Ренова, Беласица, Струга Трим Лум и Велазерими, 24-годишниот стопер Христијан Митрески кој пристигна од Слога 1934 од Виница, потоа голманот Дамјан Серафимов кој доаѓа на шестмесечна позајмица од прволигашот Македонија Ѓорче Петров.

>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Во клубот се враќа и искусниот напаѓачот Александар Целески од Кораб, а охриѓани се засилуваат и со 27-годишниот напаѓачот Роберт Митев од кратовски Силекс, 21-годишниот лев бек Марко Стојчески од Кадино, како и десниот бек Самед Кадриоски од Велешта кој има 27 години, стоперот Мартин Лекоски кој доаѓа од Кораб и има 25 години и 26-годишниот фудбалерот од средниот ред Меритон Мерко кој во Охрид доѓа од албанското првенство каде настапуваше за Шкумбини.

Охрид исто така се засилува и со четири млади играчи, Лео Андрески и Филип Ѓоргоски кои во пакет доаѓаат од Вардар и Дамјан Ќосески и Ален Максути од третолигашот Њу Старс кој има квалитетна школа за развој на млади фудбалери.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Тренер останува Пепи Џигероски, а ќе му помага Александар Бакулески, кој ќе биде играч и помошник тренер.

Охрид по катастрофалниот старт на сезоната успеа некако да се стабилизира и на крај есенскиот дел да го заврши на седмата позиција со 15 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!