ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Второлигашот Охрид договори осум контролки, „генералка“ против Велешта

Второлигашот Охрид интензивно се подготвува за пролетните предизвици, веќе се договори осум контролни натпревар на кои ќе ја темпира формата за пролетната полусезона од Втората лига – Запад.

Веќе утре се игра првиот контролен натпревар меѓу Охрид и српска Јагодина, потоа следуваат три контролки со македонски прволигаши, на 30. јануари со битолски Пелистер, на 3. февруари со Ренова, на 6. февруари со Струга Трум Лум. На 10 февруари „рибарите“ ќе се соочат со третолигашот Караорман, на 13. февруари со Дрита од Боговиње, за 17. февруари е закажен тест-меч со Велазерими, а генералката ќе биде со Велешта на 20. февруари.

Охрид одигра одлична есен во Втората лига – Запад и заврши на четвртото место на табелата со 2 бода помалку од второто место и баражот за Прва лига и девет помалку од есенскиот шампион Скопје. Токму тоа и ќе понуди атрактивна пролет за „рибарите“ кои ќе атакуваат за врвот од табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!