ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Второлигашот Кораб и тренерот Стојкоски се разделија

Второлигашот Кораб од Дебар во пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад ќе добие нов тренер. Клубот од Дебар се одлучи да ја прекине соработката со тренерот Боби Стојкоски.

„По едногодишна соработка, Кораб ја прекинува соработката со тренерот Боби Стојкоски. Управниот одбор му изразува благодарност за придонесот во клубот, и му посакува успех во иднина“, соопштија од клубот.

Кораб во есенскиот дел од сезоната успеа да собере 24 бодови и ќе презими на петтото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!