ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Второлигашот Гостивар се засили со Муарем Муарем

Гостивар денес го промовираше Муарем Муарем како ново засилување за пролетниот дел од Втората лига – Запад.

33-годишникот во Гостивар доаѓа како слободен играч од редовите на прволигашот Брегалница од Штип. Гостивар е шестата позиција на табелата, а прволигашкото искуство на новото засилување е од големо значење за екипата која има за цел сигурен опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.

Во својат кариера Муарем покрај за Брегалница има настапувано и за Шкупи, Работнички, Тетекс, Фљамуртари, Актоби, Карабах, Ешкишехирспор и Ордуспор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!