ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Второлигашот Гостивар се раздели со четворица фудбалери

Екипата на Гостивар денес преку соопштенија ја информираше јавноста дека се разделува со четворица фудбалери, кои нема да бидат дел од екипата во пролетната полусезона во Втората лига – Запад.
Од Гостивар си заминуваат Петар Љамчевски, Христијан Кировски, Иван Настевски и Ферат Рамани.
Како што претходно пишувавме, Петар Љамчевски го засили второлигашот Тиквеш од Кавадарци.
Од клубот информираат дека во следните денови ќе бидат официјализирани новите засилувања за пролетните предизвици.
Гостивар есенскиот дел од сезоната го заврши на третото место со 30 бодови, колку што има и второпласираната Велешта.