ФудбалФутсал

Втората футсал лига продолжува на 13 февруари 2021

Втората македонска футсал лига за 2020 година заврши и истата продолжува на 13 февруари следната година со натпреварите од 5. коло.

Сезоната започна на 28 ноевмри и беа одиграни вкупно 4. кола. Во Втората футсал лига на Македонија се натпреваруваат вкупно 7 екипи, бидејќи екипата на Биџо се откажа.

Шкендија ќе презими на врвот на табелата со 9 бодови, колку што има и второпласираната екипа на Клими. Енхалон, Велешта и СЕЕ Университи имаат по шест освоени бодови, на последните две места се екипите на Овче Поле и СФК Проек кои немаат освоено бодови.

Во 5. коло кое што ќе се игра на 13 и 14 февруари следната година, СЕЕ Университи ќе ја пречека екипата на Велешта, Енхалон во Струга го чека Овче Поле, Проект ќе биде домаќин на Клими, додека екипата на Шкендија ќе биде слободна во ова коло.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!