ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Втора лига на „Спорт Клуб“: Вардар постигна договор за пренесување на натпреварите

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар потпиша договор со регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“ за пренос на натпревари од Втората македонска фудбалска лига.

По Академија Паднев и Вардар постигна договор, со што сите навивачи, приврзаници и љубителите на фудбалот и на Вардар ќе може да ги следат натпреварите на најтројфениот македонски фудбалски клуб во државата, регионот и пошироко.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб. Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко“, се вели во соопштението на Вардар.

„Спорт Клуб“ веќе втора сезона по ред ги емитува натпреварите на Академија Пандев од Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!