ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Врапчиште натпреварот со Љуботен го добива со службен резултат !?

Третолигашот Врапчиште реагира дека натпреварот со Љуботен треба да го добие со службени 3:0 и службени три бодови.

Што точно се случи на теренот во Врапчиште ? Љуботен прв стигна до водство со голот на Ивица Костадинов во 60. минута, додека пак Марјан Сава во 71. минута донесе израмнување 1:1. Претходно Станиша Златановски во 66. минута беше исклучен поради неспортско однесување (непогодни зборови кон делегатот).

Во 93. минута Томас Тасос заработи црвен картон поради неспортско однесување, а судијата Емир Несими од Гостивар покажа на белата точка за домашните, меѓутоа гостинската екипа незадоволи од одлуката на судијата го напушти теренот. По чекањето за враќање на гостинската екипа, гостинската екипа не се врати на теренот и судијата го заврши натпреварот, а пеналот не се реализираше.

Забелешка и потпис на главниот судија во официјалниот записник од натпреварот:

„Натпреварот се одигра согласно правилата на ФФМ, ЦД-то ке биде предадена на ОФС Гостивар. Во 90+3 судијата досуди пенал за домашната екипа, гостинската екипа незадоволни од одлуката на судијата го напуштија натпреварот. По чекање за вракање на гостинската екипа, гостинската екипа не се врати на терен и судијата го заврши натпреварот. По завршување на натрпреварот гостинскиот играч со број на 8 Тасос Томас, доби директен црвен картон поради пцуење. Забелешка од гостинска екипа: Натпреварот се одигра 90 минути со машка игра, на 90+3 главната судија досуди пенал, при што од само нему познати причини без да се изведе пеналот досуди крај. Потоа судијата чекаше уште 6 минути и после свирна крај на натпреварот. За нас како гости натпреварот заврши со постојниот резултат 1:1.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!