ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Врапчиште го прегази „фенерџијата“ Пролетер, Беса го доби дербито со Аресими

Денес беа одиграни трите натпревари со што беше комплетирнао 14. коло од Третата лига – Запад.

Камјани 2:2 Напредок

Камјани на домашен терен одигра 2:2 со Напредок од Кичево. Гостинот прв дојде до водство во Камењане откако Наумоски Дамјан постигна гол за 0:1 во 19. минута. По шест минути игра Цека Исмет израмни на 1:1. Во вториот дел Бајрами Арбен во 74. минута донесе водство за домашната екипа. Трајаноски Бобан во 88. минута од натпреварот ги постави конечните 2:2 со што бодовите беа поделени.

Аресими 1:2 Беса

Големото дерби за првото место го доби Беса откако на гостувањето кај Аресими славеше со 1:2. Голем и важен триумф за лидерот на табелата кој ита кон Втора лига – Запад. Резултатот беше отворен во 27. минута со гол на Чиљафи Иљаз за водство на гостинската екипа од 0:1. Во 35. минута Ејупи Арин израмни на 1:1. Во судиското продолжение на првиот дел Беадин Аид ги постави конечните 1:2.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Врапчиште 4:0 Пролетер

Екипата на Врапчиште без многу проблеми го збриша „фенерџијата“ Пролетер со 4:0 на домашен терен. Гостинот имаше сили да издржи едно полуреме. Во вториот дел Врапчиште го отвори резултатот со гол од пенал, а успешно реализираше Челик Хакан. Седум минути подоцна Хасипи Фуркан донесе двојна предност за домаќинот. Во 68. минута Мухареми Адем зголеми на 3:0, а во 75. минута Решити Афан ги постави конечните 4:0.

Зајази 2:0 Нераште (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)

Љуботен 4:1 Трабзонспорт (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!