Турнири

„Враништа 2022“: Враништа Б.З. и Д-р Баткоски во финале, Искра и Книжарница Клио за трето место – награден фонд над 150.000 денари

Утре се игра големото финале од турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“ каде ќе се соочат екипите на Враништа Б.З. и Д-р Баткоски, додека пак за трето место ќе играат Искра и Книжарница Клио.

Наградниот фонд изнесува над 150.000 денари за првите четири екипи, а пак награда од 2.000 денари ќе следува за најдобриот стрелец на турнирот.

Во 20:30 часот ќе стартува дуелот за третото место, а пак од 21:30 часот ќе стартува големото финале.

Организаторите на турнирот најавија дека натпреварите ќе се пренесуваат во ЖИВО, а истите ќе можете да ги гледаме во ЖИВО и на Спортска Мрежа.

По завршувањето на финалето и прогласувањето на победникот, како и доделувањето на наградите, по повод прзникот Св. Никола Талалеј, на шанкот на Младинската организација на Враништа ќе има забава со Стил Бенд и Татијана Стефановска.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал беше медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!