РакометРакомет - Останато

Врањеш: Данците неодамна загубија од Македонија, што значи дека ниту тие не се лош тим!

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Црна Гора, Словенија и повторно соочување со Данска.

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш даде свој кометар околу групата. Тој даде пофални зборови за Данска, но за Македонија рече дека не е лош тим бидејќи ја победија токму Данска во квалификациите, и додава дека Црногорците не треба да се отпишат од групата.

„Во групата од првиот дел на ЕП, ждрепката ни ги додели светскиот првак и селекција од најдобрите на светот, Данска. Тоа го гледам како предност, ќе започнеме на високо ниво. Сепак, Данците неодамна загубија квалификациски меч од Македонија, што значи дека ниту тие не се лош тим. Ниту Црногорците не треба да се отпишат во групата. Секој натпревар ќе биде побарувачки, сите ќе бидат дербија. Без оглед на сè, мислам дека добивме добра група“, изјави Врањеш.

Првиот натпревар Македонија го игра токму против Словенија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!