РакометРакомет - Суперлига
Возбудлив ракометен дуел: Прилеп загуби дома од Голден Арт КЛ7 (ВИДЕО)

Голден Арт КЛ7 со голема победа од 31:33 на гостување во Прилеп го отвори плеј-аутот од ракометната Суперлига на Македонија. Неизвесен, возбудлив и дуел со многу надигрување, во кој гостите од Скопје заслужено дојдоа до посакуваната победа и трите големи бодови.
Најдобар во редовите на Прилеп беше искусниот Чантурија кој постигна дури девет погодоци, додека Тренчевски постигна шест гола. Кај гостите од Скопје централниот бек Ѓоргиев постигна фантастични десет погодоци, додека Симоноски имаше седум гола.
Целиот натпревар меѓу Прилеп и Голден Арт КЛ7: