ФудбалФудбал - Четврта Лига
Возарци ДМД со сигурна победа на контролката против Дренево

Новиот четвртолигаш Возарци ДМД со 2:0 беше подобар на контролниот натпревар против четвртолигашот Дренево, кој што се одигра во село Возарци.
Возарци ДМД е нов клуб којшто е формиран пред нешто повеќе од еден месец и за тековната сезона од Општинската фудбалска лига Кавадарци има за цел прво место и влез во Третата лига – Југ.
Возарци ДМД веќе во среда ќе одигра нов квалитетен контролен натпревар против третолигашот Превалец, кој претендира за прво место во Трета лига – Југ и влез во Втората лига – Исток.
Претходно, Возарци ДМД одигра контролен натпревар со Марена кој заврши со 5:3 за третолигашот.