ФудбалФудбал - Четврта Лига

Возарци ДМД со минимална победа над Сирково

Четвртолигашот Возарци ДМД продолжува со одлични резултати во ОФЛ Кавадарци откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Сирково. Победата на домашната екипа добива на тежина бидејќи играше со играч помалку од 30. минута на натпреварот.

Стрелец на единствениот победнички погодок беше Стефан Илов постигнат во 80. минута од натпреварот. Лидер на табелата во ОФЛ Кавадарци останува Возарци ДМД кој важи за најсериозен кандидат за влез во Третата лига – Југ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!