ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска убедливо славеше во градското дерби, Вардар благодарение на Детонит Плачковица повторно е лидер

Детонит Плачковица дефинитивно знае како да игра против големи фаворити кои целат за пласман во Прва лига, откако денес одигра 1:1 против Гостивар во дербито на колото, во рамки на 13-тата рунда.

Гостивар прв го отвори резултатот со голот на Танушев во 61. минута, но само три минути подоцна Настевски погоди за конечните 1:1 со што радовишани откинаа два бода од претендентот за Прва лига.

Пелистер во 92. минута се спаси од реми, па во Битола си оди со три бода, откако со 2:3 славеше над Локомотива. Домашниот тим со голот на Ѓорѓиевски имаше водство од 1:0 на полувреме, а на стартот од вториот дел Иљази обезбеди предност од 2:0.

Во 69. минута Наумовски погоди и намали на 1:2, а десет минути подоцна капитенот Маневски постигна гол од пенал за 2:2. Кога сите мислеа дека ќе има поделба на бодовите, Љамчевски со гол во 92. минута обезбеди важен триумф на патот кон Прва лига и три многу важни бода.

Во директниот меч кој гледачите на телевизија М Нет го следеа во ЖИВО од Виница, екипите на Слога и Арсими го поделија „пленот“ откако одиграа меч без погодоци 0:0.

Воска Спорт со убедливи 3:0 славеше над Охрид во градското дерби. Двоен стрелец за Воска беше Емини, а еден гол беше дело на Бехар Фета.

Беса сосема очекувано славеше над „фенерџијата“ Борец на домашен терен со убедливи 3:0. Новиот тренер Александар Таневски со триумф дебитираше на клупата на Беса, а на овој меч двоен стрелец беше Адеми, додека пак Скендери го постигна вториот гол.

Беласица на домашен терен со 3:1 славеше над Кожуф и продолжува со серијата позитивни резултати. За доманиот тим стрелеци беа Милушев, Радојчиќ и Митевски, а пак за гостите од Гевгелија погоди Ристовски.

Тетекс продолжи да тоне испаѓање во Трета лига, откако денес загуби од Вардар со 0:2, со што „вардарци“ го искористија „киксот“ на Гостивар и се вратија на врвот од табелата. Николовски и Мицевски ја обезбедија победата на Вардар над „штофарите“.

Саса и Караорман го поделија „пленот“ во меч со четири погодоци (2:2). Трпчевски и Ступиќ кој погоди во 91. минута беа стрелци за „рударите“, а пак за гостите од Струга погодија Казимоски и Јошески.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВМФЛ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!