Воска убедлива, Вардар го победи Силекс, ќе решава последното коло

Воска Спорт и Вардар забележаа победи во претпоследното коло, со што битката за тоа кој ќе игра бараж за Прва лига ќе се решава во последното коло.
Воска Спорт на домашен терен со убедливи 3:0 триумфираше над Беса од Добри Дол и останува на второто место на табелата. Резултатот го отвори Љупчо Трпески, а до крајот на првиот дел предноста ја удвои Михајло Јакимоски. Во вториот дел конечните 3:0 ги постави Елмир Алији.
Силекс по првпат беше поразен сезонава, откако на гостувањето во Автокоманда беше поразен од Вардар со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот гол за „вардарци“ беше Иван Николов кој стрелаше во 9. минута од мечот.
Дуелот на отпаднатите Кадино и Велешта заврши без победник со по еден гол во мрежа (1:1). Давид Манџуковски стрелаше за домаќинот, а пред крајот на првиот дел Јасин Казимоски погоди за конечни 1:1.
Голеада во Тетово за реми на Тетекс и Кораб (3:3). Дамјан Масевски стрелаше во 27. минута за водство од 1:0 за „штофарите“, а во 35. минута од пенал Михаило Митров зголеми на 2:0 на полувреме.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Во вториот дел гостите од Дебар со два брзи гола стигнаа до 2:2 и се вратија во рамноправна трка за трите бодови, Во 65. минута Ујкан Муча намали на 2:1, а по минута игра со втор гол Муча погоди за 2:2.
„Штофарите“ преку втор гол на Масевски во 71. минута дојдоа до ново водство од 3:2, во 94. минута Рејјан Абази погоди за конечни 3:3.
Охрид од Гостивар се враќа непоразен откако одигра 0:0 и обезбеди многу важен бод во битката за опстанок.