ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт се засили со Велиновски и Крклински

Воска Спорт продолжува со засилувањата за новата сезона во Втората лига – Запад, откако денес на „Грашница“ беа промовирани две нови имиња.

Потпис со новиот охридски второлигаш ставија Богдан Велиновски и Христијан Крклински.

24-годишниот Велиновски настапува на стоперската позиција, а во Охрид доаѓа од редовите на Слога од Виница, додека во својата кариера има настапувано и за Вардар, Рудар Велење во Словенија, Брегалница, радовишките Плачковица и Детонит, како и за кратовски Силекс.

24-годишниот стопер Крклински доаѓа од редовите на Црно Буки, а во својата кариера има настапувано за Плачковица, Осгово, Скопје, Пелистер, Новаци и Кравари.

Воска Спорт од денес ги започна и подготовките за новата сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!