ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт се засили со Наум Вељаноски од Охрид Лихнидос

Воска Спорт продолжува со засилувањата за историскиот настап во Втората лига – Запад. Новиот прволигаш не запира со претставување на нови играчи, а како што најавуваат деновите ќе следува уште поголеми трансфери.

Најново засилување, кое беше претставено денес е капитенот на Охрид Лихнидос, Наум Вељаноски.

28-годишникот во својата кариера покрај за Охрид има настапувано и за Еуромилк ГЛ, Македонија ЃП, Младост Царев Двор, Гостивар, Новаци, Борец и Струга Трим Лум.

Со големото искуство на Вељаноски, Воска Спорт добива многу на квалитетот и сигурно ќе го напаѓа првото место во Втората лига – Запад, а со тоа и историски пласман во Првата лига.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!