ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт се засили со младиот албански интернационалец Албнор Каба

Новиот член на Втората лига – Запад, екипата на Воска Спорт од Охрид е најактивен клуб на трансфер пазарот.

Секојдневно на „Грашица“ пристигнаат нови играчи, а денес пристигна и беше промовиран Албнор Каба. 18-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на шампионот Шкендија, а во својата кариера има и настапи за репрезентацијата на Албанија од 19 години.

Воска Спорт гради конкурентен тим со кој дефинитивно ќе го напаѓа врвот во Втората лига – Запад, а со тоа да направи нов историски успех и да се пласира за првпат во Првата македонска фудбалска лига.

Во следните денови се очекуваат нови засилувања.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!